Во прекин магистралниот пат А4 од Струмица кон Граничен премин „Ново Село“ поради сообраќајка
Од АМСМ информираат дека од 13:50 часот, сообраќајот на магистралниот пат А4, од село Турново кон село Босилово е во целосен прекин. Според информациите, прекинот е поради случена сообраќајна незгода.