вторник, 26 септември 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Магазин

Денеска е спомен на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

недела, 11 декември, 2022 | 08:07
во Магазин, Струмица
Денеска е спомен на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Денеска е Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.

Од 15-те Тивериополски, т.е. Струмички маченици, четворица беа од Никеја. Еден од нив, Тимотеј, стана и епископ на Тивериопол. Друг, Теодор, веќе беше епископ и учествуваше на Првиот вселенски собор во 325 година. Кога овие четворица дојдоа во Тивериопол, со своите зборови и со чудата, кои се крилја на зборовите, многумина привлекоа кон Христа. Тоа се случуваше во времето на царот Јулијан Отпадникот, кој ги гонеше христијаните. Гласот за овие мажи стигна до Солун, па тамошните управници дојдоа во Тивериопол и ги погубија. Нивните мошти се покажаа чудотворни. Подоцна, бугарските цареви Михаил и Симеон пренесоа дел од моштите во Брегалница и ги положија во црквата што ја изградија во нивна чест. Другиот дел остана во Тивериопол, т.е. Струмица.

Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Празникот на петнаесетте струмички свештеномаченици.

Меѓу македонските светители-маченци што ги празнува Македонската православна црква спаѓаат и Петнаесетте свештеномаченици од Тивериопол (Струмица). Во Службата за нив се вели дека преку нив стана сенародно просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината, дека градот Тивериопол и неговата околина од заблудата во идолите кон светлина ги одвеле и дека како сјајни ѕвезди и денес силно зрачат.
За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) е извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја биле издадени посебни наредби и биле испратени луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажел од Христа добивал големи почести од царот, ако пак не сакал да се откаже од неговата вера и не сакал да им принесе жртви на паганските идоли требало да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнале во Солун, а оттаму во Тивериопол епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсебиј. Епископот Теодор бил и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. Во нивното житие се вели дека оставајќи го Солун се преселиле во Тивериопол што се наоѓал северно од Солун и тука нашле можност да го сеат словото на нашиот Господ Исус Христос во душите на побожните луѓе. Во нивната служба пак се вели дека „преку нив стана сенародното просветлување на Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината“.

По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јован, Сергиј Никифор и Теодор (втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име Сократ. За нивното прифаќање на христијанството разбрал и управителот на областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети. Ги фатил и погубил на 28 ноември (стар стил) 326 година. Откако егзекуторите си заминале добродушните христијани ги завиткале нивните тела во бели и чисти чаршави и според христијанските обичаи со ламбади и темјан ги погребале достоинствено, во Тивериопол, секој во посебен ковчег од камен, врз кој ги напишале имињата на мачениците со нивните чинови што ги имале според Христа. Бог ги дарил со чудотворна моќ, така што од нивните мошти многумина болни оздравеле.

Кога градот бил нападнат и разурнат од Аварите и гробовите на Петнаесетте свештеномаченици Тивериополски биле затрупани за подолго време. Но подоцна чудата што се случувале на тоа место го привлекле вниманието на населението, па нивните свети мошти биле откопани и погребани во новоизградената црква, подигната во нивна чест во градот Брегалница (не се знае каде се наоѓал). Во таа црква службата ја вршеле свештеници поставени од Св. Климент Охридски. Житието раскажува дека во тој храм во градот Брегалница поради спротивставувањето на струмичани, биле пренесени само моштите на тројцата маченици: Тимотеј, Комасиј и Евсебиј, а другите останале во Струмица. Подоцна и моштите на останатите биле пренесени во храмот.
Од сите краишта на Македонија, но и пошироко, народот доаѓал кај светите мошти на мачениците и барал помош. И се случиле многу чуда. Жена од Струмица што подолго време немала деца забременила по допир на раката на светиот маченик Петар, сакат граѓанин од Брегалница оздравел, исто така, по допирање на светите мошти, немо момче од Главеница проговорило, нем старец на Велигден откако ги целувал светите мошти проговорил „Господи помилуј“, парализиран човек оздравел итн.

Подоцна овој град доживеал катаклизма и бил срамнет со земјата, а настрадале и светите мошти на овие маченици. Останала само една рака за која се претпоставува дека е на Петар, којашто направила многу чуда и излечила многу болни. Потоа, по Балканските војни во 1913 година, некој ја однесол во Кукуш. Во Струмица останал само споменот за светите Петнаесет свештеномаченици чиј спомен месното население го празнува свечено на местото каде се претпоставува дека биле погубени и каде што се случиле многу чуда.
Во кругот на манастирскиот комплекс посветен на овие маченици има старо дрво – брест од чија кора посетителите земаат за да ги чува од разни несреќи. Се верува дека брестот израснал на местото каде што биле обезглавени мачениците. Преданието раскажува дека на местото каде што денес е црквата со придружните објекти порано било пусто место. Се знаело само дека тука се заклани некои светци – маченици. Црквата што ја граделе самите светители со векови била под земјата. Во 1923 година на некоја жена по име Афродита и се сонило дека 15 луѓе барат помош. Таа му го раскажала сонот на отецот Епименонда но тој и другите свештеници не поверувале во сонот. Тогаш таа му се обратила на генералот Мишковиќ кој со својата војска започнал да копа на тоа место. Кога нашле човечки коски го прекинале копањето и местото го вратиле во првобитната состојба. Тогаш населението, со камен од селото Вељуса, направило параклис во кој се молеле. Во него пишува: „Ова е за светите 15 Тивериополските маченици, посечени од паганскиот цар Јулијан Апостата, Амин“. Сегашната црква е изградена во седумдесеттите години на минатиот век, а во нејзина близина се наоѓа археолошко наоѓалиште од постариот период. Посетителите можат да забележат дека во централната гробница на ова наоѓалиште се наоѓа и фреска посветена на 15-те маченици која потекнува од 9 век.

Преданијата раскажуваат дека петнаесетте маченици се погубени во селото Куклиш. Таму бил нивниот гроб, некогаш по сон бил откриен и бил заграден со каменен ѕид. Бил покриен и тука стоела иконата. Тоа било некаде „тријесе и четрта“. Подоцна во „седумдесе и прва гудина“ било изградено манастирчето што и сега постои. „Тугај се напри ископ на гробо. Се пронајде парче од глава и парче од рака или нога, коска. Тукај мје крфта истечена, тук са масакрирани, тук са парчосувани, а са однесени, са закопани на периферијата на Струмица“. Оттогаш започнала традицијата што и сега се практикува на ден пред празникот, односно на 10 декември, да се раздава како на задуша. „… тук се излева секуја гудина, према утрешњоа ден, цело село излева тука со лепче и чиница и друго, а дуваѓат сите невести ут таа гудина шо са биле, со бели, невестински фустане. Тук се раздава како на мртвен за петнајсте свештеници. Тава је останато од времето и ду ден денеска си стое.“ Друго предание раскажува дека борци на Сремски фронт се зарекле ако останат живи да изградат манастир на тоа место. Така бил изграден овој манастир во селото Куклиш посветен на овие 15 маченици.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Ветерани од Србија, Бугарија и Македонија, пријатели на струмичките одбојкари ветерани го одржаа традиционалниот меѓународен турнир

СЛЕДНА ОБЈАВА

Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски
Вести

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес конференцијата на Марјан Даскаловски

понеделник, 25 септември, 2023 | 18:27
Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените
Вести

Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените

понеделник, 25 септември, 2023 | 13:49
ЕВН: Без електрична енергија се Вељуса, Баница, Седларци, Индустриска зона „Север2“, „Агроконсалтинг“
Босилово

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново

понеделник, 25 септември, 2023 | 10:23
Во Струмица промовирана игра за инвалиди во количка – Бочија
Василево

Во Струмица промовирана игра за инвалиди во количка – Бочија

недела, 24 септември, 2023 | 14:33
Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Вести

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште

сабота, 23 септември, 2023 | 16:39
Обилни врнежи на повеќе места низ државата и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м²
Вести

Од утре промена на времето – пороен дожд, грмежи, локално невреме

сабота, 23 септември, 2023 | 14:21

ТОП ВЕСТИ

Пожар во атарот на Просениково – гореле викендица, шупи и стрниште
Во Струмица приведен крадец кој пред три дена од казино во Босилово украл пари
Со велосипедско дефиле во Струмица одбележан Светскиот Ден без автомобили и Европската недела на мобилност

ВЕБ БИЛБОРД

Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Утре од 09:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисници на излез од Босилово кон Турново
Стенд-ап со актерот Бојан Велевски на 22 септември во Струмица
Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Центарот за култура во Струмица
Хуманитарен концерт во четврток на Здружението „Хуманост“
Во вторник без струја Моноспитово, Костурино, Мемешли, Орманли, Дорломбос

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist