понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Средношколците од Струмица во „Еurope House“ дискутираа на тема органодонорство

среда, 20 март, 2024 | 11:23
in Вести, Струмица
Средношколците од Струмица во „Еurope House“ дискутираа на тема органодонорство

Во просториите на „Еurope House“ во Струмица вчера се одржа дебата со претставници од средните училишта на тема органодонорство, како дел  од активностите на ЕУ проектот за подигнување на јавната свест за органодонорството и трансплантацијата во земјава.

Целта на средбата на која, покрај средношколците, учествуваа и Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива д-р Маја Мојсова Мијовска и Адријана Георгиев од Министерството за здравство, беше да се укаже на важноста на трансплантацијата и органодонорството, не само како медицинска дејност, туку и од аспект на хуманост, љубов, емпатија, надеж.

„Вие, младите, сте идната сила на ова општество и токму со вас е важно да се разговара за овие сегменти од живеењето. Одлуките што се носат навистина не се лесни, но треба да бидеме информирани. Донорите, семејствата на донорите, со своите одлуки, носат една нова надеж, поинаква човечка димензија на дарувањето. Тоа е начинот да покажеме и една друга перспектива, наспрема свртеноста кон себе и индивидуализираноста. Сакаме на младите да им ја пренесеме пораката дека не постојат табу-теми и теми за кои се плашиме да зборуваме. Неопходен ни е разговор дури и на тие теми и притоа мора да градиме ставови. Некогаш животот нè носи во ситуации кога ни е потребно да се донесат важни одлуки. Органодарувањето е една од тие одлуки“, вели д-р Мојсова.

На средбата во Европската куќа во Струмица присуствуваа ученици од средните училишта „Димитар Влахов“ и „Јане Сандански“, кои покажаа отвореност да разговараат за една тема што е олицетворение на тенката линија помеѓу животот и смртта, да слушнат и да научат многу повеќе за нејзините различни аспекти, но и да ги постават своите дилеми поврзани со неа. Дарителите на органи се херои, и семејни, но и општествени. Спасуваат животи, менуваат приказни, тие се дел од највисоките хумани чинови за кои знае човештвото.
Ним и на нивните семејства им се поклонуваме, објаснува д-р Мојсова.

„Трансплантацијата е медицински процес, но истовремено е и еден општествен процес што отвора прашања како што се хуманоста, емпатијата и љубовта. Семејствата што носат одлука да ги донираат органите од своите блиски, чувствуваат некаква утеха за тоа дека дел од нивните блиски продолжува на некој начин да живее и истовремено ја менуваат животната приказна на други луѓе, кои не ги ни познаваат, а, ете, им подаруваат живот. Тоа ново пулсирање на животот, помислата дека некој некаде живее подобро, за миг, носи утеха и некакво спокојство. Тоа е врвен знак на хуманост, емпатија, на љубов. Грижа за другиот, кое само по себе е и значењето на животот“, сподели Георгиев.

Тимот ги објасни сите чекори на процесите на органодонорство и трансплантација, од синхронизирањето на вклучените тимови, неопходните испитувања за компатибилност на дарителот и реципиентот, софтверското поврзување на сите параметри, а ги појасни и етичките принципи на органодонорството, возрасната граница на донорите и реципиентите, аспектите за заштитата на личните податоци.

Учениците имаа можност да погледнат и кусо документарно видео со фокус на органодонорството и трансплантацијата, но и да дадат свој фидбек за пристигнатите решенија на Повикот за визуелни дела за средношколци и професионални дизајнери на тема органодонорство, чии победници ќе се соопштат наскоро.

„Фасцинирана сум од сè што слушнав. Темата е мрачна, но многу ме допре. Верувам дека ваквите средби придонесуваат да научиме многу повеќе за процесите, но и за човечноста, за надежта, за љубовта“, изјави една од ученичките.

„Ми враќа верба во човечкото“; „Почит кон храброста на двете страни“; „Дознав многу повеќе за тоа како гледаат на животот луѓето што добиваат втора шанса“ ‒ беа само дел од пораките што ги споделија младите од Струмица.

Настанот е дел од проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од ЕУ, во кој краен корисник е Министерството за здравство. Модератор на настанот беше Небојша Илијевски, проектен консултант за комуникации.

ShareTweetShare
Previous Post

Карневалскиот одбор за утре го канат градоначалникот на Струмица на Тримерски ручок и да му го вратат клучот од градот

Next Post

Со Тримери завршија карневалските празнувања во Струмица

Related Posts

И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist