Со симболично одбележување на тримерскиот обичај, традиција која се негува само во Струмица, завршија карневалските празнување во градот под Царевите кули. Мал концерт со „Распеани Струмичани“, тримерски ручок само со посни специјалитети, доделување на медали и враќањето на „клучот од градот“ на градоначалникот Костадиин Костадинов беа содржините од последниот настан на годинашното издание на „Струмичкиот карневал“, кој се одржа во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“.