Денеска Струмица ги празнува заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
По повод празникот, утринава во Црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение на викарните епископи г. Партениј Антаниски и г. Јаков Стобиски.
За верата во Христа и за нивната исцелителска моќ во Струмица и струмичко и денес се раскажуваат легенди.
Струмица е горда и со достоинство го почитува и негува култот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.