Денеска во спортската сала „Партизан“ во Струмица се одржа традиционалниот меѓународен турнир во одбојка за ветерани, кој повеќе од една деценија се организира и одржува во чест на патрониот празник на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а учествуваа четири екипи на ветерани од Србија, Бугарија, Македонија и домаќините од Струмица.
По одиграните полуфинални и финални натпревари, првото место го освоија ветераните на Разлог од Бугарија, втори беа ветераните на Краљево од Србија, третото место им припадна на ветераните на Струмица, а четврти беа ветераните на Прилеп.