вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Споени концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука, активисти најавуваат мобилизација

среда, 5 јули, 2023 | 15:18
во Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Споени концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука, активисти најавуваат мобилизација

Во Службен весник од 4 јули е објавена одлука за спојување на две концесии на Еуромакс за експлоатација на минерална суровина на локалитети во општините Босилово и Ново Село.

„Во последниот број на Службен весник на Република Северна Македонија, број 141 од 4 јули 2023 година, се објавени следните прописи: Одлука за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „с. Иловица“, Општина Босилово со концесијата за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс ресоурцес ДОО Скопје“, соопштија од Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.

Од Министерството за економија појаснуваат дека оваа одлука на владата е донесена на нејзината седница одржана на 27 јуни, а основ за нејзиното донесување е пресудата на Управниот суд од 30 март со која се уважува тужбеното барање на Еуромакс и оспорената одлука на владата од 16 декември 2019 година за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „с. Иловица“ во општина Босилово.

Од граѓанската организација „Здрава Котлина“ реагираа дека со одлуката за спојување на концесиите, која според нив е донесена тивко, отстранета е најголемата пречка за Еуромакс да добие дозвола за експлоатација. Тие најавуваат мобилизација на народот против отворање на овој рудник.

„Најавуваме дека народот активно ќе се мобилизира и ќе се самоорганизираме да делуваме на секаков можен начин! Никогаш нема да дозволиме никаков рудник никому!  И ние имаме чизми на таван! Многу чизми што многу време не се извадени… Време е за народна буна! Рудник нема да има!“, предупредуват од „Здрава Котлина“.

  • Дознај повеќе: Протестна блокада на центарот на Струмица по владината одлука за спојување на концесии на Еуромакс за рудникот кај Иловица и Штука

„Дозвола за експлоатација нема да биде издадена и без претходни консултации и сослушување на ставовите на локалното население, што е и законски редовна постапка при издавање на решение за одобрување на студија за заштита на животната средина, без која не може да се издаде дозволата. И ова се однесува не само на дозвола за експлоатација во Иловица, туку и за отворање на било кој друг рударски капацитет во Република Северна Македонија“, велат од Министерството за економија.

Од компанијата Еуромакс која сака да го изгради и да работи со рудникот кај струмичките села Иловица и Штука на Огражден велат дека сите правни аргументи се на нивна страна и затоа очекуваат без нови одлагања да бидат усвоени сите одлуки неопходни за да започне реализацијата на проектот. Тие сметаат дека во 2020 година, кога се одржаа парламентарни избори, властите ја ставиле концесијата за рудникот „на дневно-политичка агенда“ и предупредуваат дека доколку „повторно се напаѓа владеењето на правото“ ќе ја тужат државата пред меѓународен суд.

„Еуромакс Ресоурсис останува доследна на принципот дека ќе ги исцрпи сите домашни правни механизми за да ја реализира инвестицијата со добра волја и чесни намери. Сепак, доколку увидиме дека на прашањето на нашата инвестиција повторно се напаѓа владеењето на правото како уставна загарантирана темелна вредност, тогаш ќе бидеме принудени да покренеме соодветна постапка пред Меѓународната арбитража во Вашингтон, САД. Првичните проценки се дека вкупните штети кои потенцијално ќе се наплатат од Буџетот на Северна Македонија изнесуваат повеќе од 1 милијарда евра, без пресметани камати“, предупредуваат од Еуромакс.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Комуналното претпријатие во Струмица го подновува возниот парк со механизација која не е штетна за животната средина

СЛЕДНА ОБЈАВА

„Комуналец“ собра 150 кубни метри разновиден отпад од „генералката“, акцијата ќе се продолжи и во недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Василево

Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

недела, 1 октомври, 2023 | 22:24
Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица
Вести

Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица

недела, 1 октомври, 2023 | 18:33

ТОП ВЕСТИ

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Девојките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist