НУ Завод и Музеј од Струмица подготвува проект за конзервација и реставрација на Спомен-костурницата над Струмица, која е во многу лоша состојба. Дел од мермерот е искршен нема осветлување, патеката до споменикот е во лоша состојба има нараснато многу бујна вегетација која го ограничува пристапот. Дел од споменикот е исцртан со графити, објавија од оваа установа.
Спомен-костурницата над Струмица е започната да се гради во 1979 година, а моштите на загинатите борци во НОАВ со свечен чин биле пренесени и полжени во саркофагот на 4 јули 1982 година. Таа е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер.