Претставници на Министерство за животна средина, Шведската агенција за заштита на животната средина, од општините Босилово, Ново Село и Струмица, како и професори од неколку обласи, вчера одржаа работен состанок со кој започнуваат активности за истражување на флората и фауната во Моноспитовското блато и на целокупната состојба со водотеците во период од 18 месеци. Крајниот продукт треба да биде реализација на мерки за заштита на блато и донесување на Закон за заштита на Моноспитовското блато, соопштија од Општина Босилово.