сабота, 7 јуни 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

Ќе има ли рудник кај Иловица и Штука? Од центарот на Струмица одекна гласно „не“.

сабота, 15 јули, 2023 | 16:27
in Босилово, Вести, Ново Село, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Дали ќе има рудник кај струмичките села Иловица и Штука на Огражден е долгогодишно прашање. Општините Босилово и Ново Село дури имаа и референдуми за тоа, но слабата излезност ги направи неуспешни. Згора на тоа, околу една година по нивното спроведување, Уставниот суд ги поништи референдумите за рудниците на Југоистокот, заклучувајќи дека тоа е прашање за кое одлучуваат централните власти. Ова ги налути активистите, но тие ја продолжија својата борба.

Прашањето за рудникот кај Иловица и Штука по одредени случувања повторно доби на интензитет. Овој јули, како реакција на владината одлука за спојување на концесиите за експлоатација на Еуромакс, компанијата којашто сака да го изгради и да оперира со рудникот, еколошките здруженија „Здрава Котлина“ од Струмица и „Еко Долина“ од Ново Село организираа протест.

По најавата на протестот, кој беше поддржан од бројни јавни личности и организации, вклучително и од Струмичката епархија, владејачкиот СДСМ излезе со став дека граѓаните на струмичките општини треба на референдум да одлучат дали сакаат рудник. Активистите веднаш потсетија дека ваквиот став не ја зема предвид одлуката на Уставниот суд по ова прашање. Поради тоа, ставот на СДСМ го третираа како замајување на јавноста.

Улици во центарот на Струмица ова пладне беа затворени поради блокадата насловена „Заедно против рудникот“. Активистите се мобилизираа и ги собраа загрижените граѓани за да испратат порака дека воопшто не сакаат рудник и да ги повикаат надлежните да стават крај на ова прашање. Граѓани донесоа овошје и зеленчук за да покажат дека Струмица е земјоделски крај, како и свирчиња и други алатки за да направат врева и да покажат дека состојбата е алармантна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by StrumicaNet (@strumicanet)

Еден од говорниците на протестот, Костадин Ристоманов, еден од главните активисти во борбата против рудникот, ги повика насобраните денеска да направат еден референдум. „Да ве прашам, какво е вашето мислење, сакате ли да имате рудник?“. Толпата пред него трипати одекна со гласно „не!“.

Меѓу многуте граѓани беа и Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, кои на прес-конференција пред протестот го повторија ставот на нивната партија дека рудникот не треба да се отвори доколку не се исполнат три услови: консултација со локалното население, почитување на целата процедура и запазување на еколошките стандарди.

И додека се случуваше протестот, Еуромакс Рисорсис објавија соопштение на своите профили на социјалните мрежи. За нив овој протест беше груб притисок врз институциите. За оваа канадска компанија, рудникот ќе биде најголемата инвестиција во земјава од осамостојувањето и ќе се работи со најбезбедни и најсовремени методи.

  • СДСМ со прес конференција во Струмица пред најавениот протест на екологистите од струмичкиот регион

И додека двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат, Левица без забелешки го поддржа движењето против рудникот при што дел од протестот беа претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов. Тука беа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од струмичкиот регион Ели Панова, Јадранка Поцкова и Дејанчо Ефтимов, пратеничката на СДСМ, Љубица Спасова, градоначалниците на општините Босилово и Ново Село, Ристо Манчев и Ѓорѓи Божинов, на чија територија е планираниот рудник, но и многу советници од струмичките општини, позиција и опозиција. /К.Ѓ./

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш повредени четири лица, еден полициски службеник и тројца државјани на Бугарија

Next Post

Валандовската полиција синоќа уапси струмичанец, кај него е пронајдена марихуана

Related Posts

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола
Вести

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола

четврток, 5 јуни, 2025 | 13:27
Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“
Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
Поради сообраќајка патниот правец Струмица – Радовиш се одвива наизменично
Вести

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

среда, 4 јуни, 2025 | 10:08
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Вести

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

вторник, 3 јуни, 2025 | 19:43
„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани
Вести

„Филигран од мастило“ – стихови напишани во книга од младиот Лука Костов промовирана пред струмичани

вторник, 3 јуни, 2025 | 11:27
Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Вести

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија

вторник, 3 јуни, 2025 | 08:51

ТОП ВЕСТИ

Почна 4-то издание на „Strumica Classic International Festival“ – ќе настапат врвни музичари од Македонија, Чешка и Бугарија
Се распееја прекрасни вокали од неколку градови во салата на Центарот за култура – по 15. пат „Под кулите на Струмица“
Се рушат бесправно поставени урбана опрема и објекти на јавни површи во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани
Стартува 4-то издание на маѓународниот фестивал на класична музика „Струмица 2025“
Младиот Лука Г. Костов вечерва ќе ја промовира својата прва книга „Филигран од мастило“
КНИЖЕВНА ВЕЧЕР со Жарко Милениќ
Фестивалот на староградската песна и серенада „Под кулите на Струмица 2025“ во четврток во Центарот за култура

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist