недела, 14 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Љупка Галазка Василев пред своите сограѓани претстави 40 слики преку изложбата „Лирски трепети“

среда, 20 ноември, 2024 | 12:18
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Љупка Галазка Василев пред своите сограѓани претстави 40 слики преку изложбата „Лирски трепети“

Мал беше просторот во Градската уметничка галерија да прими толку многу народ, љубители на ликовната уметност, пријатели, колеги, ученици на професорката Љупка Галазка Василев. Мал беше и просторот да се постават сите нејзини дела на ѕидот, ги имаше само 40-тина од многуте дела создадени од уметницата Љупка Галазка Василев.

На отворањето на изложбата насловена „Лирски трепети“, професорката Ана Витанова Рингачева кажа дека сликите на Љупка Галазка Василев егзистираат во еден засебен свет, ограден со бршлен и сокриен од сета врева и бркотница на надворешниот свет и дека таа е уметница чии дела се одраз на една лирска импресија, што целосно се претопува со нејзината совршено смирена природа.

„Расткајувајќи ги старите етно мотиви, уметницата ги пресоздава во форми што совршено се вклопуваат во современиот екстериер, така вдахнувајќи им нов живот. Нивната слеаност со боите и формите на сликата, се надоврзува на тенката срмена романтичарска нишка, која емитува необјаснива топлина. Топлата панорама на пределот со нагласена лирска интонација, создава привид на ненаметлива градација на бои, што раѓаат чувство на спокој. Вжарениот пејзаж на средлетна омарнина, создава привид на хармонија меѓу земното и небесното. Набљудувањето на нејзините дела, значи смирен и зауздан интензитет на доживување, состојба што е во целосна спротивност од забревтаноста на светот во кој живееме“ – кажа Витанова Рингачева.

За ликовниот уметник Никола Пијанманов сликарството на Љупка Галазка Василев личи на ткаење.

„Структурата во нејзините слики е сошиена за композицијата и во неа дури и кога не се видливи формите, сликите имаат свое значење. Симбол на нешто сокриено во распоредот на боите и површините. Како старите килими на нашите предци. Тие се топли и полни со значење иако не можеме да ги одгатнеме нивните тајни. Можеби е тоа интуитивно спознание или пак некоја апстрактна шема за чиј распоред знае само авторот. Како лавиринт од боја, цртеж и колаж. Или поточно како големо и широко поле во кое секое парченце земја го има своето неповторливо индивидуално значење“ – истакнува Пијанманов.

Авторката Љупка Галазка Василев обраќајки и се на публиката ја потенцира поддршката на Општина Струмица за поставувањето на оваа изложба, но и на  голем број пријатели кои помогнаа во нејзината организација и реализација. Изложбата „Лирски трепети“ во Градската Уметничка галерија ќе биде отворена и во наредните десеттина дена.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Приведен 58-годишен жител на Просениково – полицијата кај него пронајде марихуана

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов отиде до Париз за да се слика со плакета од филмски фестивал од Универзитет во Скопје

Related Posts

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21
ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist