Екипите на ЈПКД „Комуналец“ Струмица спроведуваат активности за есенско кроење и одржување на дрвјата по јавните површини во градот.
Со користење на специјализирана механизација и подигнувачка платформа, се врши кроење на крошните, отстранување на суви и оштетени гранки, како и уредување на дрворедите во станбените населби и долж сообраќајниците. Целта на овие активности е подобрување на безбедноста на граѓаните, заштита на објектите и инфраструктурата, како и унапредување на изгледот на урбаното зеленило.

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека есенското кроење е дел од редовната програма за одржување на јавното зеленило и ќе продолжи и во наредниот период на повеќе локации низ градот, во зависност од временските услови и динамиката на работа.
Истовремено, апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на привремените безбедносни мерки за време на изведувањето на теренските активности. /Р.Ѓ./






























