Со одлука на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, за нов директор на Општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ е именуван Ѓорги Христов, долгогодишен наставник по англиски јазик во истата образовна установа.
Христов е дел од колективот на „Никола Вапцаров“ од септември 2009 година, каде што работи како наставник по англиски јазик. Претходно, своето професионално искуство го градел во „Прокредит Банка“, на позицијата кредитен аналитичар.
Новиот директор е сопруг и татко на две деца, а од неговото именување се очекува да придонесе кон унапредување на наставниот процес и продолжување на позитивните практики во училиштето.




























