понеделник, 15 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
in Вести, Струмица
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски

Актуелниот член на Советот на општина Струмица од „Стига Е“, Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната листа за членови на Советот на претстојните Локални избори закажани за 19 октомври.

Граѓанската платформа „Стига Е“, поддржана од граѓани и од активистите на еколошките здруженија „Здрава Котлина“ и „Еко Долина“, повторно ќе учествува на изборите, најави Танушев.

„Бидејќи не сме политичка партија, немаме привилегии како нив. На гласачкото ливче нашата листа ќе биде заведена како „Група избирачи – Ѓорги Танушев“, но ќе го носи симболот на „Стига Е“ – објави Танушев.

Танушев вели дека денес Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија, но и град со огромен потенцијал и дека ако донесуваме здрави и слободни одлуки, можеме да ја изградиме во вистинско место за квалитетен живот.

„Советничката листа е составена врз принципи кои обезбедуваат вистинска и суштинска репрезентативност на сите граѓани во општина Струмица, земајќи ја предвид нејзината демографска структура. При изборот на кандидатите се водеше сметка за пропорциите и профилите на советниците за да се обезбеди реално претставување. Повеќе од една третина од кандидатите се од руралните средини, што е во согласност со фактот дека една третина од гласачите живеат во селата. Но, за да обезбедиме суштинска репрезентативност, секоја трета позиција на листата е резервирана за кандидат од руралните подрачја, што ја гарантира нивната активно присуство и влијание. Листата ја претставува мултиетничката структура на општината и имаме Македонци, Турци, Срби. Жените се застапени според законските одредби, со акцент да бидат позиционирани во погорниот дел на листата. Старосната структура е избалансирана, комбинирајќи искуство од постарите, младешка енергија од помладите и прагматична продуктивност од средновечната генерација како баланс. Професионалната структура на кандидатите е разновидна: работници, учители, уметници, доктори, земјоделци, менаџери, бизнисмени, ИТ професионалци, пензионери и други. Заедничко за сите е дека се чесни, одговорни и докажани во своите заедници, подготвени да придонесат кон подобрување на нашата општина“ – вели за Дрнка.мк, Ѓорги Танушев.

Ова се имињата на кандидатите од листата предводени од Ѓорги Танушев, а како што најави тој за време на кампањата детално ќе ги претстават нивните профили и програмски заложби.

  1. Ѓорги Танушев
  2. Оливера Аризанова-Маннсбарт
  3. Иван Заев
  4. Анета Оџакова
  5. Александар Грчев
  6. Васил Јованчев
  7. Борка Грнчарова
  8. Георги Бајрактаров
  9. Синан Фетиков
  10. Јасмина Вучкова
  11. Гоце Ристов
  12. Вања Андонова
  13. Димитар Темелков
  14. Лидија Давчева
  15. Ацо Атанасов
  16. Славица Стојанов
  17. Благој Патаров
  18. Соња Мицева
  19. Санела Дрвошанова
  20. Горан Станишлевиќ
  21. Аница Лазаревска
  22. Бурхан Фетиков
  23. Кирил Пасков
ShareTweetShare
Previous Post

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

Related Posts

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21
ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist