Поетот и новинар Ѓорги Калајџиев од Струмица вечерва ја прими престижната награда за најдобар новинар-книжевник, „Горан Бујиќ“ во Хрватска.
„Вечерва ја добив наградата „Горан Бујиќ“ од Хрватското книжевно друштво од Задар. Наградата за Хрватска ја доби Снежана Бабиќ Вишњиќ, а за книжевници – новинари надвор од Хрватска задоволството беше мое. Прекрасна вечер во задарската Градска библиотека, исполнета со многу љубов и емоции…“ – објави на Фејсбук Калајџиев.
Наградата се доделува веќе осум години во чест на прерано починатиот поет и новинар, Горан Бујиќ. Ова награда се доделува во повеќе категории од страна на Хрватското книжевно друштво, огранокот во Задар.