Четиригодишно дете од Струмица во тешка здравствена состојба по физички напад, вчера било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
„Во 02:30 часот вчера во СВР Струмица било пријавено дека во струмичката Општа болница во 00:58 часот, во тешка здравствена состојба, било донесено 4-годишно дете. Тоа било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде од лекар, констатирано е дека детето било физички нападнато“, соопштуваат од МВР.
За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.