Вечерва на полноќ заврши рокот за доставување на кандидати за градоначалник и советници на општина Струмица до Општинската изборна комисија во Струмица.
Како што не информираше потпретседателот на ОИК, Петре Тодоров до утврдениот рок се доставени четири кандидати за градоначалник на општина Струмица. Марјан Даскаловски од СДСМ, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Цасконоје од Единствена Македонија и Драган Котуровиќ како независен кандидат.
За членови на Советот на општина Струмица се доставени седум кандидадски листи и тоа од СДСМ – носител Миле Гогов, ВМРО-ДПМНЕ – носител Никола Маџунков, ЗНАМ – носител Александар Илиев, СТИГА Е – носител Ѓорги Танушев, ЛЕВИЦА – носител Јасмина Пијанманова, Демократска партија на Турците – носител Синан Мустафа и од Движење за национално единство на Турците – носител Аби Демиров.
Како што ни кажа потпретседателот Тодоров, останува во текот на утрешниот ден да се изврши проверка за сите кандидати и официјално да ги потврдат кандидатурите за градоначалник и за членовите на Советот на општина Струмица.