Центарот за управување со кризи информира дека поради врнежите од дожд се очекува зголемување на водостојот во повеќе речни сливови, меѓу кои и во сливот на реката Струмица. Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можно собирање и задржување на вода на површината.
ЦУК апелира граѓаните да бидат претпазливи при движење покрај реките и суводолиците, особено во наредните денови кога се очекуваат и нови врнежи од дожд.
Локалната самоуправа и јавните претпријатија се задолжени да ги проверат сите потенцијално критични локации каде е можно излевање или поплавување.
По планинските превои и повисоките места, можно е формирање навеви од снег и краткотрајна непроодност на одредени патни правци. ЦУК апелира граѓаните да патуваат само ако е неопходно, со полн резервоар и соодветна зимска опрема, а жителите на повисоките места навреме да се снабдат со храна и лекови.
Во случај на опасност или потреба, граѓаните може да се јават на бројот за итни повици 112.




























