Од Центарот за управување со кризи информираат дека до 07:00 часот на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив 10 се активни, три се под контрола и 16 се изгаснати.
Во струмичкиот регион, веќе 11 ден гори на планината Готен, над селото Нивичино, општина Василево кој се прошири и на територијата на општина Радовиш и општина Берово, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, а активен е пожар и кај Три Води, таму гори вегетација.