Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој е во приватна посета на поранешниот македонски премиер, Зоран Заев во Струмица, доцна попладнево бил и во зградата на Општина Струмица, кај градоначалникот Костадин Костадинов.
„Одлична, неформална средба со двајца големи лидери, луѓе кои сторија се за нашите народи! Зоран Заев и Алексис Ципрас. Честа да разговараме за прогресивните политики, за носењето големи одлуки во име на иднината, на сегашните и идните генерации е непроценлива. Струмица била и ќе остане бастион на социјалдемократијата“, напиша Костадинов на Фејсбук објавувајќи фотографии од средбата.