„Како иден пратеник, доколку ја добијам вашата поддршка, ќе работам исклучиво во интерес на граѓаните. Затоа јавно ќе се откажам од бенефициите кои ќе ме следуваат, како што се ПАТНИ ТРОШОЦИ“, вели Миле Цеков, носител на листата за пратеници од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Изборна единица 4.
„Ги повикувам сите идни пратеници кои ќе бидат избрани од народот да се откажат од истите, затоа што сметам дека тие пари треба да се пренасочат за помош на нашите сограѓани од ранливи категории или било какви други социо-општествени добра за НАРОДОТ“, додаде Цеков.