Носителот на кандидатската листа за пратеници од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков во денешното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24, која се емитуваше од Струмица, кажа дека ЗНАМ е партија која има јасен став против отворање рудници во Југоисточна Македонија.
„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е со јасен став дека е против отворање рудници во струмичко. Не смее да се прави пазар со здравјето на луѓето. Но, потребна е и истрага дали функционери на ДУИ правеле трговија со влијание“ – кажа Цеков.