Елеуса Фондација го најавува својот најнов хуманитарен настан „Јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“ (Петре М. Андреевски), што ќе се одржи во недела, 15 октомври 2023 година пред кафе барот „Мала сцена 112“ на струмичкото корзо од 19:00 часот.
„Јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“ на Петре М.Андреевски како лајтмотив кој гласно говори за коегзитенцијалната поврзаност меѓу сите луѓе и потсетник дека грижата за немоќните е на сите нас“, велат во најавата од Фондација Елеуса.
На настанот ќе бидат рецитирани песни на македонски поети, низ звуците на домашните шлагери.
Поетско-музичката вечер е од хуманитарен карактер и ќе бидат собирани средства за реализација на бројните акции кои ги реализира Фондацијата.