Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, Фондацијата „Елеуса“ од Струмица во сабота, 25 ноември од 19:00 часот во хотелот „Сириус“ во Струмица ќе ја одржи третата средба на која ќе бидат презентирани реализираните акции на оваа фондација во изминатата година. Настанот ќе биде од хуманитарен карактер.