Во недела, 12 мај од 17:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, во организациај на Фондацијата „Елеуса“ ќе се одржи Хуманитарен концерт со богатиот традиционален македонски мелос на Вокално инструменталниот состав „Стихири“ од Струмица и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје.
Билетите по цена од 250 денари се продаваат во Оптика „Сфера“ на булевар „Маршал Тито“ во Струмица.
Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.