Фондацијата „Елеуса“ на 25 април (вторник) со почеток во 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе го организира својот прв Хуманитарен концерт насловен „Звукот на човечноста“.
Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба на билетарницата во НУЦК „Антон Панов“. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Фондацијата „Елеуса“.
Вторник, 25 април | 19:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица