Во организација на Здружението на деца без родители „Хуманост“ во четврток, 21 септември од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ во Струмица ќе се одржи Хуманитарен концерт на кој ќе настапат Славица Ангелова – победник на „Ѕвездите на Гранд“, Павле Витанов – победник во шоуто „Никогаш не е доцна“, Љупчо Делев, Жан Трајков и ОУРТ „Климент Охридски“. Влезницата е 100 денари, а собраните средства ќе бидат наменети на деца без родители.