Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов објави дека започна да се руши некогашната „маларична“ болница пред влезот во турското маало во градот Струмица.
„Денеска започна рушењето на овој стар објект и останатите придружни времени објекти, а по целосното расчистување тука ќе изградиме повеќенаменско игралиште и паркинг“, напиша Костадинов.