Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека повторно е уништена урбана опрема во големиот градски парк во Струмица.
„Фотографиите зборуваат за уништен летниковец, клупи, опрема за осветлување, дури се уништени и кукичките за птици поставени на 30 мај од ученици седмооделенци“ – соопштија од „Комуналец“.
Екипи веќе работат на поправка на уништената опрема во паркот, а случајот е пријавен во полиција за пронаоѓање на сторителите на овој вандалски чин.