Утрово околу 08:00 часот, на патот Валандово–Дојран, екипи од ТППЕ Струмица и ТППЕ Гевгелија интервенираа при сообраќајна незгода во која товарно моторно возило излетало и се превртело надвор од коловозот. Пожарникарите-спасители извршија извлекување на лицата од возилото, по што тие беа предадени на екипите на Итната медицинска помош.

ФОТО: ТППЕ Струмица




























