среда, 15 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

ФОТО: Новиот парк во поранешната касарна на површина од 40.000 м² – започна неговата изградба, ќе биде готов за една година

четврток, 17 април, 2025 | 14:20
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Денеска започна да се гради новиот парк во населбата Карпош во Струмица, на површина од близу 40.000 метри квадратни и се наоѓа веднаш до Детската градинка „Виножито“ на просторот каде првично беше планиран Трговски центар.

„Ова е првата фаза од големиот нов градски парк за којшто средства обезбедуваме преку ИПА-ИНТЕРРЕГ програмата на Европската унија за што од мое лично име и од име на Општина Струмица и од граѓаните и граѓанките, сакам да се заблагодарам на ЕУ и европските даночни обврзници што веруваат во мојата и визијата на мојот тим и што инвестираат сериозни средства. Првата фаза е 350.000 евра, грант којшто нема да имаат обврска идните генерации да го враќаат, ние не земаме кредити, напротив, благодарение на стручниот тим од Секторот за ЛЕР и Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, добивме грант од 350.000 евра за ова ругло да го претвориме во зелена оаза со сите содржини коишто можат да ни дадат право ова место да го наречеме парк“ – кажа градоначалникот Костадин Костадинов кој го посети местото каде започнаа градежните активности.

Како што најави тој, во првата фаза предвидени се пешачките патеки изработени од високо квалитетен травертин, мал амфитеатар со мултифункционална намена за децата од градинката, но и за сите млади и повозрасни кои своето секојдневие сакаат да го поминуваат токму тука. Ќе се продолжи кон втората фаза од големиот градски парк со добиени средства и копартнерски проект со УНДП.

„Станува збор за околу 15 милиони денари со кои ќе одиме не само на раззеленување, туку и кон дигитализација на самите паркови за што веќе разговараме со претставниците на УНДП и ќе имаме смарт клупи, ќе имаме осветлување на соларна енергија што значи нема да биде потрошувач на електрична енергија, ќе имаме и други содржини за дигитална едукација на најмалите и младите луѓе. Сметам дека народот тоа го заслужува, ние ветивме и еве денеска сме сведоци на отпочнување на новиот мега парк во Струмица, наместо новиот трговски центар во Струмица“, кажа Костадинов.

Костадинов најави и нови зелени површини, ветениот Боемски парк на постоечкиот пазар „Чешел“ и кај сегашното на диво изградено долно Турско маало по завршувањето на Социјалната населба каде што се градат 118 куќи, ќе има ново раззеленување на површина од околу 30.000 метри квадратни.

ShareTweetShare
Previous Post

Сообраќајка на крстосницата за Банско, Габрово и Муртино – шест лица повредени, едно потешко

Next Post

Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

Related Posts

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години
Вести

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

понеделник, 13 октомври, 2025 | 13:09
Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица
Вести

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

понеделник, 13 октомври, 2025 | 08:55
Изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“ струмичани ќе можат да ја видат од 17 до 19 часот секој ден
Вести

Изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“ струмичани ќе можат да ја видат од 17 до 19 часот секој ден

понеделник, 13 октомври, 2025 | 08:36
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Велес, загина маж, а 18-годишно момче од Струмица е тешко повредено

недела, 12 октомври, 2025 | 17:46
Во Струмица одбележан 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот
Вести

Во Струмица одбележан 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот

сабота, 11 октомври, 2025 | 13:17
За 8 часа изречени 197 санкции на возачи за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица
Василево

Затворен за сообраќај дел од магистралниот пат Струмица-Радовиш поради сообраќајна незгода, сообраќајот се пренасочува по стариот пат

сабота, 11 октомври, 2025 | 11:33

ТОП ВЕСТИ

Во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Велес, загина маж, а 18-годишно момче од Струмица е тешко повредено
Јасмина Вучкова од струмичкиот театар со награда на МТФ „Денови на комедија“ – Куманово 2025
Во Струмица одржан првиот училишен Октоберфест

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

Даскаловски ги обедини поранешните и сегашните социјалдемократи во Струмица

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков најави промени и нова енергија за општина Струмица

Даскаловски: Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Движењето ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за советници на Советот на општина Струмица
Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist