Поминаа главните карневалски вечери со огромен број посетители низ улиците на Струмица, а посебно каде се одржуваше манифестацијата, на струмичкото корзо и плоштадот „Гоце Делчев“. Таму екипи на ЈПКД „Комуналец“ направија „генералка“, детално машинско чистење на просторот и дезинфекција.
„Се грижиме за негова чистота и ја одржуваме урбаната опрема за да биде чисто, убаво уредено, пријатно место за секој жител, за сите нови посетители на Струмица“, објавија од „Комуналец“.