Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на Фејсбук објави фотографии од идејното решение на новиот градски парк кој ќе се наоѓа на просторот пред новата детска градинка „Виножито“ во поранешната касарна во Струмица.
„Наместо згради и трговски центар, во струмичката касарна на површина од 40.000 м², наскоро ќе никне преубавиот парк 11 октомври“ – напиша Костадинов.