петок, 28 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Фондацијата „Елеуса“ со благодарничка вечер во Банско: 14.000 оброци, 850 пакети и пет хуманитарни концерти во 2025 година

петок, 28 ноември, 2025 | 18:52
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Фондацијата „Елеуса“ со благодарничка вечер во Банско: 14.000 оброци, 850 пакети и пет хуманитарни концерти во 2025 година

Синоќа во хотелот „Цар Самуил“ во Банско се одржа традиционалниот завршен настан на Фондацијата „Елеуса“ од Струмица, кој и годинава ја собра заедницата на поддржувачи, соработници и волонтери што стојат зад хуманитарната мисија на оваа организација.

Фондацијата преку десетминутна видео-презентација ги претстави најзначајните активности, кампањи и проекти реализирани во текот на 2025 година – година исполнета со бројни хуманитарни акции насочени кон најранливите категории граѓани. Според презентираните податоци, во текот на годината биле поделени 14.000 топли оброци, испратени 850 хуманитарни пакети, опремени домови на загорезени семејства, организирани пет „концерти на добрината“, а преку донации од хумани граѓани била дарувана коса за пациенти со рак.

Митрополитот Струмички г. Наум во своето обраќање пред присутните изразувајќи благодарност на поддршката за мисијата на Фондација Елеуса порача:

„И она што ние го добивме од Бог треба да го споделиме со нашите браќа и да го сведочиме Христос во овој свет. Сите овие дела на љубов што ги правиме треба да извираат од нашата молитва и да нè носат кон молитва. Молитвата е показател дали одредени дела навистина ги правиме во Божја слава и согласно Божјата волја. Од сè што го правиме треба да произлегуваат молитва, омекнато срце и љубов кон сите, и молитва за сите. Да не заборавиме уште една работа. А тоа е дека ние им помагаме на луѓето материјално, но помошта која ни се возвраќа е многукратна. Во суштина, не сме ние тие што им помагаме, туку тие – на кои им помагаме – всушност нам ни помагаат. Ние им даваме нешто материјално, а за возврат добиваме нешто духовно: ја добиваме Божјата љубов, пред сè. Да негуваме во себе еден смирен дух, дека им служиме на луѓето како Христови ученици“, порача Митрополитот г. Наум.

Специјални гости на завршната вечер беа браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, кои со својата поезија и музика внесеа особена топлина во настанот. Преку нивниот настап, Фондацијата „Елеуса“ упати искрена благодарност до сите што во текот на годината придонеле да се помогне таму каде што помошта е најпотребна.

„Завршниот настан е момент во кој од наше име, но и од името на браќата и сестрите на кои сте им помогнале, ви велиме БЛАГОДАРАМ. Вечерашната благодарност беше испишана во секој збор и секој тон на нашите почесни гости, браќата Барбаровски. Фондацијата „Елеуса“ низ своето постоење промовира љубов, човечност и заедништво. Синоќа се потсетивме дека секое добро дело остава трага, а вашата поддршка ја прави таа трага уште посветла. Вие сте светлината која недостасува!“, стои во благодарноста од фондацијата.

Во забавниот дел од вечерта настапија познатиот македонски бенд „Маестро“ и Трио „Џентлменс“ кои се погрижија за прекрасна музичка атмосфера и пријатно расположение на гостите.

ShareTweetShare
Previous Post

Покрената истрага против 48-годишникот од Просениково кој се обидел да си ја убие сопругата

Related Posts

Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Покрената истрага против 48-годишникот од Просениково кој се обидел да си ја убие сопругата

петок, 28 ноември, 2025 | 16:23
Едукативни предавања за безбедност во сообраќајот во Дрвош
Босилово

Едукативни предавања за безбедност во сообраќајот во Дрвош

петок, 28 ноември, 2025 | 16:08
Соопштение од ЈПКД „Комуналец“ Струмица
Вести

Соопштение од ЈПКД „Комуналец“ Струмица

петок, 28 ноември, 2025 | 15:11
Ѓорги Христов именуван за нов директор на ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица
Вести

Ѓорги Христов именуван за нов директор на ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица

петок, 28 ноември, 2025 | 15:04
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Полицијата приведе 65-годишен жител на Банско осомничен дека пукал со воздушна пушка и повредил малолетник

петок, 28 ноември, 2025 | 14:18
Зорица Витанова е нова директорка на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица
Вести

Зорица Витанова е нова директорка на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица

петок, 28 ноември, 2025 | 13:28

ТОП ВЕСТИ

Фондацијата „Елеуса“ со благодарничка вечер во Банско: 14.000 оброци, 850 пакети и пет хуманитарни концерти во 2025 година
Покрената истрага против 48-годишникот од Просениково кој се обидел да си ја убие сопругата
Зорица Витанова е нова директорка на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist