„Зависност – криза на современиот човек“ е темата на третата трибина што на 15-ти Декември (четврток) ќе ја одржи Фондација Елеуса. На трибината ќе зборуваат доктор Васка Митова – специјалист психијатар, Билјана Мицева – социјален работник и психотерапевт, отец Симеон Кантурски – психолог и теолог и Викарниот епископ Стобиски г.Јаков.
Трибината ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ со почеток од 19:00 часот.
Првата трибина на Елеуса се одржа во амфитеатарот во големиот Градски парк и беше посветена на „Потполно здравје на младите, духовно и ментално и здрав начин на живот“, додека втората се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ и на неа се зборуваше за „Родови идеологии“.