Македонскиот филм „Кино љубов“ на режисерот Јани Бојаџи на 14 ноември (вторник) во 20:00 часот ќе се прикажува во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на се, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.
Главните улоги ги играат: Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристова, Благоја Чоревски-Чоре.
Времетраење: 93 минути
Категоризација: 16+
Вторник, 14 ноември | 20:00 часот | Центар за култура – Струмица | Влезница: 200 денари