„Јас сум присутен насекаде во државата, посебно во регионот на Изборната единица 4. Изминатиот период комуницирам со многу луѓе од тој регион, имам познавање и за потребите и за можните решенија на нивните проблеми“, истакна Венко Филипче во телевизиско интервју по речиси две и пол години откако ја напушти функцијата министер за здравство.
Тој потенцираше и дека пратеникот треба да ги застапува сите граѓани понатаму и во Парламентот, а не само граѓаните од неговата изборна единица, надоврзувајќи се дека и самиот потекнува од регион на Изборната единица 4.
„Дополнително и нешто што е интересно, а не знам дали многу луѓе во јавноста го знаат, е дека јас имам потекло од тој регион. Моите две баби, и по мајка и по татко, по потекло се од Кавадарци, така што најголем процент од моето потекло е практично од тој регион и затоа ме врзуваат дури и некои спомени од детството. Така што, ете, уште една дополнителна причина“, рече Филипче.