Почитувани,
Јас не сум противкандидат на овие избори и тоа јавно го кажав. Затоа би било добро Општинската организација на СДСМ и кандидатот да престанат да се занимаваат со мене.
Завршната сметка, како и секоја година, се гласа по завршувањето на фискалната година и е на увид и за советниците и за јавноста. Недозволиво е повеќе од една деценија претседател на Совет да не ја види завршната сметка и да дозволува панични и избрзани реакции. Но, на крај простено им е и ги разбирам.
До овој момент, кон ЈП „Паркиралишта Струмица“ се исплатени 114.999.645 денари, што е јасен показател за редовното подмирување на обврските на Општината кон претпријатието – напиша градоначалникот Костадин Костадинов на Фејсбук.