И годинава во организација на Центарот за култура „Антон Панов“, а во соработка и со поддршка на Општина Струмица и Православна Струмичка Епархија во сабота, 4-ти ноември од 18:00 часот во Црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ ќе се одржи 12-от Фестивал на Источно црковно пеење.
На фестивалот ќе настапат Женскиот хор „Св. Теофил Струмички“ од Струмица и битолските: Машки византиски хор „Св. Нектариј Битолски“, Женски хор „Св. Макрина“ и Детски хор „Св. Стилијан“.
Освен изведбите на овие хорови на фестивалот свое обраќање ќе има м-р Игор Гулевски на тема „Источно црковно пеење“.
Сабота, 4 ноември | 18:00 часот | Црква „Св. Петнаесет“ | Влез слободен