Вчера во 12:00 часот во Полициска станица Струмица било пријавено дека околу 11:00 часот, на место викано „Улево на брана Водоча“, од полициски службеници од СВР Струмица биле затекнати Ж.М (29) и 17-годишник при вршење на бесправна сеча на огревни дрва. Огревните дрва се преземени од Шумската полиција, а против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.