среда, 3 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Уште едно дело од богатството на Иван Котев на виделина пред читателите

недела, 8 декември, 2024 | 10:09
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Уште едно дело од богатството на Иван Котев на виделина пред читателите

Непресушниот извор, долгогодишниот собирач на богатствата од македонското народно творештво, 85-годишниот Иван Котев на публиката и подарува уште едно дело од неговото собирано богатство во изминатите 55 години, како обичај, традиција, говор, приказна, песна, или како што вели професорката Ана Витанова Рингачева, „народниот живот на својот народ“.

Книгата е насловена „Судбина с’с ваглен напишана“. Станува збор за зборник со македонски поговорки, пословици, изрази и фрази од Струмица и Струмичко. Ова е всушност втор том којшто се надоврзува на огромното лексичко и фразеолошко богатство собрано во книгата „Мудроста на вековите“ од 2012 година на Иван Котев. Книгата со безмалку 500 страници е богата со речиси 14.000 фолклористички единици: пословици, поговорки, изрази и фрази од Струмица и Струмичко.

„Посака Иван Котев во своето бело видело да го собере и запише народниот живот на својот народ, да собере сѐ во една вреќа, па макар од неа зборовите паѓале поради преполнетост. Знае тој дека духовната храна е исто толку насушна колку и лебот, и дека без неа не ќе сме ги преживеале вековните премрежиња. Животот со сета своја драматичност извира од зборовите и фразите, налик на ехо од минатите и од дамнина заборавени времиња. Но има нешто толку спокојно и помирувачки во подвигот на Котев: помислата дека за еден краток човечки век успеал на едно место да ги запише сите човечки маки, јанѕи, радости, надежи, тивки прегрешенија и молитви. Судбината го предоредила Иван со торбата на рамо, и ноќе и дење да оди по нивјето и дворјето и да ги собира плодните зрна коишто зад себе ги оставиле нашите предци. Но, рекол народот: „Госпот према планианта го дава и снего.“ Мудроста нема свое постојано време и место, таа постојано се умножува, расте, се преобразува и како жива вода тече низ дамарите на времето“ – напиша рецензентот на книгата проф. д-р. Ана Витанова Рингачева, книжевна критичарка, есеистка и универзитетски професор, која повеќе години соработува со Котев и го проучува фолклорниот материјал собиран од него.

Оваа најново издание на Иван Котев е поддржано од Министерството за култура и туризам. Уредник е новинарката и поетеса м-р Сузана Мицева, лектурата е на Јасмина Поркојевиќ – Миленковиќ. Корицата ја направи Коста Бозов, а техничката поддршка на уредувањето и печатењето на книгата е на Влатко Филчевски и Иван Бозов.

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска се слави Свети Климент Охридски

Next Post

Концерт во Струмица на „Чалгија саунд систем“

Related Posts

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31
Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот
Вести

Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот

среда, 3 септември, 2025 | 09:00
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Струмичанец украл мопед од вулканизер, фатен е и приведен во полициска станица

вторник, 2 септември, 2025 | 10:50
Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование
Вести

Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование

понеделник, 1 септември, 2025 | 17:26

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование
Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist