Во пет сета девојките на „Наковски Волеј“ ги надиграа второпласираните „Јанта Волеј“ од Скопје, ја продолжија победничката низа и ја трасираа патеката до титулата.
Натпреварот се одигра во рамки на 4-то коло од Првата македонска женска одбојкарска лига и заврши со резултат од 3:2 во корист на струмичанките.
Одлична игра приредија одбојкарките од Струмица и ги наполнија срцата на верните навивачи на ОК „Наковски Волеј“.