Учениците и вработените но Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица организираа Хуманитарна акција наменета за настраданите луѓе од подрачјата зафатени со земјотресите во Турција и Сирија.
„Со многу љубов и позитивни мисли испративме соодветна донација во ќебиња и топла облека преку здружение на Турците од Македонија, а собраните парични средства ги уплативме на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на Македонија“ – информираат од ова струмичко училиште.