четврток, 18 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Училиштата во Струмица ги намалиле давачките за потрошена електрична енергија, некои и до 80% помалку

петок, 10 февруари, 2023 | 18:03
in Вести, Струмица
Училиштата во Струмица ги намалиле давачките за потрошена електрична енергија, некои и до 80% помалку

Сите основни и средни училиште на територијата на општина Струмица ги покажале првите позитивни резултати за потрошената електрична енергија по склучувањето на договорите со „ЕСМ Продажба“ за снабдување со електрична енергија по цена од 95 евра за мегаватчас.

„Првите анализи се направени за месец декември 2022 година, а споредбата со истиот месец во 2021 година покажала дека скоро сите училишта платиле помалку за потрошена електрична енергија. Највисок процент на намалена давачка за потрошена електрична енергија има во средното општинско училиште „Никола Карев“ со 81%, па следуваат интернатот во средното училиште „Димитар Влахов“ со 78%, основните училишта „Маршал Тито“ од Струмица со 76%, „Даме Груев“ од Куклиш со 74%, „Никола Вапцаров“ со 66%, „Сандо Масев“ со 59%, „Гоце Делчев“ од Вељуса со 49%. Во најголем дел од училиштата е регистрирана и значително намалена потрошувачка на електричната енергија во однос на истиот период од претходната година“, информираат од Општина Струмица.

Од општината велат дека Струмица е пионер во обновливите извори на енергија и пред започнувањето на енергетската криза. Основното општинско училиште „Сандо Масев“ пред неколку години постави фотоволтаици за сопствени потреби, со што ги преполови давачките за потрошена електрична енергија.

„Воден од ваквото позитивно искуства, но и цврстата решеност предизвиците од енергетската криза да ги претвори во нови можности, бидејќи општина Струмица има потенцијали и капацитети, градоначалникот Костадин Костадинов иницираше, а Советот на општина Струмица изгласа одлука со која ЈПКД „Комуналец“ може да ја започне постапката за фотонапонска централа за која веќе има изработено физибилити студија со моќност од 2,2 мегавати и ќе донесе голем бенефит за општината и за граѓаните. Оваа фотонапонска централа ја прави Струмица прва општина во државата која ќе биде комплетно независна во задоволувањето на потребите од електрична енергија“ – велат од Општина Струмица, додавајќи дека решенијата успешно се вклопуваат во стартешките и системските мерки на Владата со кои државата се насочува кон стратешко и одржливо домашно производство на храна и енергија, користејќи ги природните потенцијали на нашата земја: плодна почва, сонце, ветар и вода.

ShareTweetShare
Previous Post

Училиштето „Димитар Влахов“ организираше Хуманитарна акција за настраданите во Турција и Сирија

Next Post

„КОНЦЕРТ под МАСКИ“ на Музичкото училиште „Боро Џони“

Related Posts

ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist