Четворица ученици под менторство на двајца професори од СОУ „Никола Карев“ од Струмица вчера заминаа за Жежов, Полска, каде учествуваат на 5-та училишна размена од проектот „Код на иднината: Еко-пријателски роботи“.
Станува збор за проект за развивање ученички вештини за 21. век преку поставување предизвици за решавање на проблеми поврзани со животната средина и зајакнување на употребата на еко-пријателски роботи.
Овој проект се реализира во партнерство за училишна размена помеѓу Турција, Португалија, Естонија, Полска, Шпанија и Македонија.
Последниот предизвик на учесниците во овој проект ќе им биде во месец мај, а домаќини ќе се шпанските ученици.