Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 70 км/час). Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Повремен локален дожд ќе има и во недела.
Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м²), а локално и проследени со грмежи. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.