Под влијание на влажен и студен бран денеска ќе има значителна промена на времето со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 km/h), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.