Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови, почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Во текот на ноќта, на некои места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Утре (вторник, 10 септември) времето ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 л/м² за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 км/ч) и услови за појава на град.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето се очекува во четврток.
Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.