Нестабилна облачна маса со јак интезитет во струмичко која е проследена со силни електрични празнења, пороен дожд и појава на град, информираат од УХМР.
Во моментот источниот и јужниот дел од државата е зафатен со нестабилна воздушна маса проследена со пороен дожд и на одредени места и град. Со град се зафатени селата Куклиш и Свидовица во струмичко и нестабилната воздушна маса се движи на север кон градот Струмица и се очекува градското подрачје да биде зафатено со пороен дожд.