Утрово по 4 часот и во Струмица, како и низ цела држава врнежи од снег. Формирана е првата снежна покривка во оваа зима.
Од УХРМ информацијата дека во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни. Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и над 50 см). Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.
Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.
ФОТО: Александар Дончев